17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче со својот германски колега зборуваше за продлабочување на соработката во здравството

Министерот за здравство, Венко Филипче, во Берлин оствари билатерална средба со федералниот министер за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Шпан.

Како што информираат од надлежното министерство, на средбата станало збор за можноста за потпишување меморандум за соработка со Министерството за здравство на Германија и продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области.

Филипче се заблагодарил за досегашната, како што рекол, одлична соработка со повеќе здравствени установи од Германија, а воедно изразил задоволство и од соработката на поле на размена на медицински кадар и едукациии од експерти, кои ќе продолжат да доаѓаат во нашата земја и да го обучуваат нашиот кадар.

Министерот Шпан ја поздравил средбата и напредокот на Македонија кон евроинтегративните процеси. Тој изразил уверување дека ќе продолжи соработката во областа на здравството, со проширување на можностите за инвестирање, развој на медицински туризам и размена на кадри.

Спонзорирано: