7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Дескоска: Криминалите не смеат да останат неказнети, сметам дека СЈО и јавниот обвинител ќе изнајдат начин

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска во однос на вчерашната одлука на Врховниот суд, образложи неколку моменти, со цел, како што кажа, да се расчисти правната ситуација во која е донесена таа одлука.

„Прво, согласно закон на сите ни е познато дека Врховниот суд може да утврдува начелни мислења и ставови доколу имаме разлика во пракса меѓу различни судови или различно постапување. Во овој случај единствен суд што постапува во моментот по постапките на СЈО е Основниот суд Скопје 1. Значи немаме несогласување на праксата на Основниот суд Скопје 1 со некој друг суд, затоа што друг суд не постапува“, рече министерката.

Истакна дека нејзиното очекување е СЈО заедно со јавниот обвинител на Република Македонија да разговараат за начинот на продолжување на постапките без оглед дали ќе одлучат дали да ги продолжи СЈО или ќе одлучат да ги продложи Обвинителството за организиран криминал.

„Мојата порака е дека ниеден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста. Одговорност за сторените кривични дела мора да постои и очекувам дека Јавното обвинителство ќе продолжи со гонење без оглед каков ќе биде нивниот понатамошен став – кој ќе го продолжи гонењето“, истакна Дескоска.

Спонзорирано: