16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Дали конечно е на повидок разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Непринципиелните и погубни дневни политики на актуелното раководството на ВМРО-ДПМНЕ, по сè изгледа, свое финале ќе добијат со претседателските избори, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција.

„Последните потези со фаворизирање Соросови натпартиски кандидати за претседател или охрабрување за кандидатура на истрошени партиски кадри го исфрлаат на виделина сценарио за понатамошна девалвација на ВМРО-ДПМНЕ, нејзино згаснување и заминување во историјата. Ваквите изнасилено мотивирани петиции за наводна народна и натпартиска поддршка на кандидат за претседател беа вообичаена пракса во времето на владеењето на бегалецот од Будимпешта и, за жал, таа повторно продолжува.

Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на кумановскиот и валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија. Поради ова, Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде што силите ќе ги одмерат поранешните груевисти, а сега најголеми антигруевисти, со мали и тапи ножиња со т.н. натпартиски провмровски калкуланти, инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој“, се наведува во соопштението на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму во соопштението додаваат дека Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ смета дека крајно време е да се стави крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне сè она што е чесно, праведно и вмровско.

„ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и заткулисни игри, кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО-ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и на туѓите намери и интереси мора да биде санкционирана со најостра политичка одговорност“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: