10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Гугл хром“ ќе ги предупредува корисниците за сомнителни линкови

Ако досега ви се случувало погрешно да внесете УРЛ и да завршите на којзнае кое место на интернет, „Гугл хром“ набргу ќе ви испраќа предупредувања во таква ситуација и ќе ве пренасочува кон локацијата што сте имале намера да ја посетите.

Функцијата е во фаза на тестирање од објавувањето на „Хром канари 70“ минатата есен и во моментот може да се активира како експериментална опција во стабилна верзија на „Хром“.

Прилично е вообичаено злонамерници да ги користат грешките при внесување популарни веб-локации во обид да ги наседнат луѓето кои ненамерно ќе згрешат при пишувањето УРЛ и така да ги пренасочат кон своите веб-страници.

Ваквите страници често изгледаат како оригиналните, а се користат за кражба на лични податоци и други доверливи информации.

„Гугл хром“ во ваков случај ќе прикаже паѓачко мени под лентата за интернет-адреси. Ова известување ќе посочува дека корисникот е на пат да посети страница што веројатно нема намера да ја посети и ќе нуди опција за пренасочување до соодветниот домен.

Во комбинација со постојните предупредувања на „Хром“ за небезбедни интернет-страници, ова подобрување треба да биде доволно, барем некое време, за корисниците да не паѓаат на измами.

Спонзорирано: