12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: „Вардариште“ станува минато, се формира ново претпријатие за уличните животни

Се формира ново јавно претпријатие, стационарот „Вардариште“ и нехуманиот третман кон уличните животни стануваат минато, вели СДСМ преку соопштение.

„Градската администрација предводена од СДСМ става крај на нехуманиот однос кон уличните животни. Донесена е одлука за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни. Стационарот ‘Вардариште’ станува минато. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници и нивна стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за удомување од заинтересираните граѓани“, додава СДСМ.

Во меѓувреме, како што информира владејачката партија, во тек е процесот на чипирање на животните, со цел ставање под контрола на механичкиот прилив на кучиња на улиците предизвикан од неодговорни сопственици и почнува процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.

„Во овој процес ќе бидат вклучени повеќе институции на локално и национално ниво, како и граѓанските иницијативи и здруженија, со цел унапредување на правата на животните и начинот на нивното вклучување во целиот концепт. Со формирањето на новото јавно претпријатие, Град Скопје формира целосно нов концепт и пристап кон решавањто на проблемот со уличните животни, што претставува голем исчекор напред и обезбедува похуман третман и грижа на уличните животни“, додава СДСМ.