9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Зимата попушта: Синоптичарите најавија голема промена на времето која ќе предизвика брзо топење на снегот

Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Прогноза за 02.02.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Сончево со умерена облачност, по котлините во утринските часови со слаба магла. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 03.02.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Умерено до значително облачно со умерен до засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 04.02.2019
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно со повремен локален дожд.