23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична против двајца штипјани поради продажба на хероин

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 46-годишниот З.К. и неговата 44-годишна сопруга В.К. од Штип бидејќи биле организатори на криминална група која вршела продажба на хероин на подрачјето на Штип и Радовиш.

„На 29 јануари годинава, на подрачјето на СВР Штип од страна на одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Штип извршен е претрес во домот на З.К., каде што е пронајдена 180 грама наркотична дрога хероин и тој е затекнат во моментот на препакување на дрогата. Во врска со овој случај од слобода се лишени и други 12 лица и извршени се претреси на домови на неколку локации во Штип и против нив дополнително ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението на полицијата.

Против двајцата сопружници СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, а во врска со истиот случај во текот на месецот од слобода се лишени уште две лица, кои веќе се наоѓаат во притвор, соопштија од полицијата.