24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

На социјалните мрежи се појавија снимки од авион во кои eзерото Мичиген е прекриено со мраз

Температурите во некои делови на Соединетите Американски Држави денеска паднаа на минус 40 Целзиусови степени. Поларната зима зеде најмалку осум животи во САД, а локалните служби ги предупредија луѓето да не излегуваат надвор. Многубројни училишта и претпријатија се затворени, летовите се откажани, а железничките линии се во прекин.

„Луѓето изложени на екстремен студ може да добијат смрзнатини за неколку минути“, предупреди државната метеоролошка служба.

Јавноста беше изненадена од неверојатните снимки од езерото Мичиген во Чикаго. Всушност, Чикаго најмногу го погоди овој поларен студ. Моментната температура е втора најниска во последните 150 години, а луѓето споделуваат фотографии на социјалните мрежи.

Фотографијата на патникот кој фати еден од последните летови што не беа откажани и го сними замрзнатото езеро стана многу пренесувана.

Една корисничка на „Твитер“ ги спореди фотографиите од филмот „Ден по утре“ и фотографиите од езерото Мичиген и ги збуни следбениците. Многумина коментираа дека се слични.

Властите во Илиноис, Мичиген и на Висконсин, поради студеното време, презедоа вонредни мерки повикувајќи ги Американците да останат во своите домови.

Државната метеоролошка служба предвидува температури помеѓу минус 23 и минус 40 Целзиусови степени во Средниот Запад, а поради ветрот во областа Минесота, студот би можел да достигне температура од минус 54 Целзиусови степени.