17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ССК: Седум приоритети од приватниот сектор за економска 2019 година

Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК), по одржаните состаноци со претседателството, регионалните комори и ресорните институции, испорача 7 приоритети од приватниот сектор за остварување на основните предуслови за да има реална основа 2019 да биде економска година.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, на прес-конференцијата ги појасни најважните реформи кои се потребни за стопанството како би оствариле раст во сите сектори.

Таа првин говореше за обезбедување сигурност за приватниот сектор. Во таа насока, како што посочи, потребно е институциите да демонстрираат состојба на сигурност која е неопходна и за која приватниот сектор со години апелира со цел исполнување на нивните основни обврски и почнување со инвестициите, кои досега беа одложувани. Следен приоритет е да се овозможи континуиран раст на националното стопанство.

„Годинава потребно е почнување со зголемен интензитет на инфраструктурни проекти, кои се од голема важност за сите стопански сектори, понатаму да се преземат значајни реформи за спречување на континуираната миграција, како и да се креира нова агенда за зголемување на надворешната трговија, особено на извозот. Во нашата земја, само 3.500 компании, или само 5 отсто од вкупниот број активни трговски друштва во земјата се извозници“, рече Арсовска.

Како трет приоритет посочи дека сите најави за кризи или потенцијални проблеми за кои приватниот сектор алармира потребно е навремено да бидат адресирани како би се превенирала непотребна ескалација на состојбите и корекции кога ќе биде нанесена неповратна штета на приватниот сектор и граѓаните.

„Да не се менуваат законите без активно учество на релевантните страни што го застапуваат приватниот сектор, да се демонстрира јасна волја за напредок по однос на предизвиците во делот на владеење на правото и отсртанување на сомнежите за коруптивно однесување, да се интензивира борбата со нерегистрираните бизниси, односно со сивата економија и да се минимизира поларизацијата во општеството предизвикана од континуираните политички превирања“, се дел од приоритетите за кои говореше Арсовска.

Спонзорирано: