14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Кина егзекутиран маж кој со автомобил се заби во минувачи и усмрти 15 луѓе

Маж, кој уби 15 луѓе со автомобил во централна Кина, денеска е егзекутиран, објавија државните медиуми.

Тој на 12 септември минатата година со автомобилот дошол на плоштадот во градот Хенгјанг, во покраината Хунан, и се забил во луѓето. Потоа со нож и лопата ги нападнал убивајќи 15 и ранувајќи 43 лица.

Тој беше осуден на смртна казна поради загрозување на јавната безбедност со опасни методи, објави новинската агенција „Синхуа“.

Огненото оружје е строго контролирано во Кина, но повремено се случуваат напади со нож, возила и експлозиви од домашно производство, а обично за тоа се виновни душевно болни лица или оние што му се лути на општеството.

Спонзорирано: