14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Милошоски: Димитров е политички камелеон, го интересира само фотељата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го нарече камелеон и кариерист министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој, како што нагласи, секогаш се водел од позициите на премиерите кои биле на власт за да си обезбеди удобнни позиции кои ги плаќаат граѓаните.

„Првично Димитров пред 12 години тврдеше дека уставното име не треба да се менува, потоа беше за двојна формула. Кога беше со Груевски ја следеше неговата реторика, а кога дојде Заев, ја свитка кичмата и го промени името. Му беше важна удобната амбасадорска фотеља во Вашингтон, потоа стана советник на Груевски и не даде оставка. Потоа замина во Хаг и истите тие искомплексирани даночни обврзници од својот џеб издвоија 600.000 долари за неговото амбасадорување. Кога тој е на позиција нема комплекси “ рече Милошоски.

Во однос на изградбата на Скопје 2014, Милошоски пред пратениците ја покажа одлуката која ја донел град Скопје уште во 2004 година, а за која гласале советници на СДСМ и ДУИ.

„Тогаш Димитров имаше удобна амбасадорска фотеља во Вашингтон и не се противеше на оваа одлука. Кога ги напушти фотељите, прашуваше зошто немало референдум за Скопје 2014, а јас прашувам кој го гласал Димитров и кој му дал легитимитет? За сите овие пратеници гласале граѓаните, а за него никој. Доаѓаат претседателски избори, нека се обиде да собере 10.000 потписи и нека се кандидира на изборите, за да видиме дали ќе добие доверба и некој ќе застане зад него. Тогаш ќе има легитимитет“ порача Милошоски.