23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео и детали околу инцидентот во Шутка, полицаец се бори за живот, двајца други повредени: Мислеле дека полицајците се киднапери па ги претепале

Еден од полицајците кои вечерва беа претепани од толпа разбеснети Роми, се наоѓа во животна опсаност, а другите двајца со повреди се пренесени во болница, информира МВР по тешкиот инцидент што се случи во оваа населба.

По гласините дека наводно киднапери се шетаат по населбата и киднапираат девојки, нападнати се двајцата полицајци кои не биле на должност и нивен пријател со кого дошле да ја земат неговата девојка со автомобил.

Според информациите на МВР денескаоколу 17.20 часот на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор.

Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција.

Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа.

Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. До овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Целиот инцидент е снимен, а порталот Курир го објави следното видео:

Спонзорирано: