13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали професорката Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев испратиле кандидатури до ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, одговори дека досега пристигнале две апликации и дека се тие најдобрите кандидати.

-Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ. Потекнува од младинската УМС, па до сениорите. Претставува голема додадена вредност во партијата, борец неприкосновен, лојалист. Можам да кажам се најдобро за него. Можеби ќе излезе и трет, четврт кандидат до 31ви. Јас не знам дали овие две пристигнати апликации се од професорката и од Ѓорчев, но до 31ви ќе дознаеме, рече Мицкоски.

Спонзорирано: