17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се враќа снегот во Македонија: Понеделничка прогноза за времето

Попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажни воздушни маси, кои во следните денови ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда, особено во источните делови.

Поради заладувањето врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.