5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Македонија зачекорува напред: Што да очекуваме сега?

Македонија во следниот период станува Република Северна Македонија, откако беа изгласани амандманите за промена на Уставот во Македонија, а потоа и беше ратификуван договорот во грчкиот парламент.

Centar.mk успеа да Ви долови дел од чекорите кои ексклузивно ги објавуваме, а ќе следуваат во следниот период.

Јануари – Април 2019-та
Македонија го започнува процесот за членство во НАТО преку ратификацијата на Протоколот за членство во националните парламенти на 29 земји членки на НАТО. Сето ова може да трае и една година, но како што дознава Centar.mk Грција ќе биде првата земја членка која ќе го ратификува протоколот за членство, во ист ден со Договорот.

Април 2019-та
Европската комисија ќе објави извештај за реформите во Република Македонија и извештај од скринингот з апоглавјата кои ќе завршат со скринингот до април 2019-та

Најдоцна до Март 2020
Македонија станува 30-та членка на НАТО, Македонското знаме е поставено на јарбол пред централата на НАТО.

2020-2025 година
Течат интензивни преговори за члеството на Македонија во ЕУ, постепено се отвараат 35-те поглавја, а се зголемува и достапноста на ЕУ фондови.

Се исполнуваат обврските предвидени од Преспанскиот договор.

Најдоцна до 2025 година

Македонија се очекува да ги заврши сите обврски произлезени од преговорите за членство во ЕУ и да го потпише Договорот з апристапување.

Спонзорирано: