9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски бара оставка од актуелната и сака да се формира техничка Влада – ќе барал предвремени избори

На ист трошок со Претседателските да има и парламентарни избори, бара Мицкоски, ама со техничка Влада која би ги спровела.

– Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разговараше и ја анализираше актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија.

Практично сите оние случувања во Република Македонија беа разгледувани на маса, сите можни сценарија во иднина беа антиципирани и врз основа на тоа донесе неколку заклучоци. Би сакал дел од нив да ги споделам со македонската јавност, се разбира преку вас медиумите, рече Мицкоски.

– Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

– Она што денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа и Централниот комитет на партијата го потврди е дека утре во текот утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада. И истовремено ќе поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ.

Бидејќи во минатото не обвинуваа дека наводно сме барале избори, а сме молеле Бога да не ги добиеме изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие, изјави Мицкоски.

На ова реагираше СДСМ и велат дека Христијан Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, а токму влезот во НАТО и растот на платите се најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски.

Од Социјалдемократскиот сојуз велат дека на агендата на Владата предводена од СДСМ се странски инвестиции, поврат на ДДВ за физички лица, раст на плати и нова победа на следните избори.

Владата која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерeсите на граѓаните. Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори. После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка, се вели во реакцијата на СДСМ.

Социјадемократите најавуваат дека Владата влегува во економски поход и најважни се интересите на граѓаните, а не антизападните интереси на Мицкоски. СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и поради тоа ќе однесе голема победа на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат”, се додава во реакцијата.

Спонзорирано: