19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Скандал: Изби голема измама со пензиите за време на владеењето на режимот – на удар илјадници граѓани, новата власт ја разоткри шемата на претходниците и најави исправање на неправдата

Темелните анализи на пензискиот систем што ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат после цели 12 години, открија неправилности во распределувањето на придонесите за дел од идните пензионери, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Таа нагласи дека на тој начин на 12.000 осигуреници им е направена скандалозна неправда во можноста во иднина да остварат повисока пензија.

„Со последните законски измени ја исправивме оваа неправда, за што обезбедивме 19 милиони евра од Буџетот на РМ, пари со коишто ќе ги обесштетиме корисниците. Сите документи кои беа дел од анализата ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага“, изјави Царовска.

Она што го откривме е дека за околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако ги исполнувале законските услови за ова, појасни министерката.

„На пример, за осигуреник со просечна плата во период од 2007 до 2018 година вкупно остануваат нераспределени околу 295 илјади денари придонес во вториот пензиски столб. Односно, изгубени се околу 95 илјади денари добивка од инвестирање на индивидуална сметка со што ние ќе ги обештетиме со околу 400 илјади денари по корисник“, кажа Царовска.

Таа истакна дека овие пари ќе се уплатат на приватните пензиските друштва каде што ќе се распределат на корисниците. За секој осигуреник ќе се направи парична уплата за целиот изминат период за кој што не му се распределувале придонесите.

„Како последица од погрешни политики на претходната Влада и ад хок покачувања на пензии надвор од законската рамка, за 10 години во Фондот за ПИОМ е направена дупка од 15 милијарди денари. Од 1 јануари 2019 година стапија на сила пакетот на закони со кои ја менуваме структурата на двостолбниот пензиски систем и придонесуваме за намалување на овој дефицит“, истакна Царовска и додаде дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со надлежните институции и приватните пензиски друштва и понатаму продолжува со активности и нови законски решенија за стабилизирање на пензискиот фонд.

Спонзорирано: