17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Честитка на Кирацовски за Свети Сава: Да градиме едно општество преку меѓусебно помагање и разбирање

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и мирен и квалитетен живот“, стои во пораката на Кирацовски.

Во неа се додава дека непроценливото богатство на традиции, вредности и различности што во себе го носи Македонија, ја прават посебна држава со која се гордееме.

„Нека различностите, меѓусебното разбирање и помагање што ги негуваме ни бидат поттик секојдневно да ги подобруваме условите за живот, да ја градиме Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани“, се наведува во честитката во која Кирацовски додава дека со тоа се дава пример и на идните генерации да ја почитуваат традицијата на меѓусебни односи.