29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возач удри во 19-годишно момче и побегна

Возач удрил во 19 -годишно момче во Скопје, по што побегнал од местото на несреќата. Како што информира МВР, вчера во 17 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи возило ,,мерцедес“ удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.

Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница ,8-ми Септември“. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.