18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

..Голф” излета од патот, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, кога воизло излета од патот кај тетовското село Непроштено. Како што информира МВР, вчера во 6,30 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи ,,голф” со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.