12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познат идентитетот на загинатиот во експлозијата во центарот на Гевгелија, има и повредени

Љ.А. кој имал 41 година е починатото лице во експлозијата најверојатно предизвикана од плинска боца во познат дуќан во ценарот на Гевгелија.

Според информациите на Centar.mk, околу 15,50 часот, во полициската станица во Гевгелија од страна на Противпожарната службаа, пријавен е избувнат пожар најверојатно предизвикан од плинска боца во продавница во централното градско подрачје во Гевгелија.

Неофицијално на пожарот претходела експлозија.

Во моментов се врши увид на лице место од страна на Јавен обвунител , тим од Дирекцијата за заштита и спасување и увидна екипа од полициската станица во Гевгелија.

Досега се пријавени две лица како повредени, а Љ.А. (41) го загубил животот, велат првичните информации до кои дојде репортерот на Centar.mk кој известува од Гевгелија.

Инаку полицијата известува за уште еден трагичен настан поврзан со плинска боца. Имено вчера околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат 52-годишниот М.Т.

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Спонзорирано: