6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авганистан: Во воздушен напад убиени 16 членови на едно семејство, меѓу нив и осум деца

Во воздушен напад во авганистанската покраина Хелманд се убиени 16 цивили, меѓу кои осум деца и три жени, соопшти претседателот на покраинското собрание, Атаулах Афган.

Според неговите зборови, сите убиени цивили биле членови на семејството Акрат Мохамад, а локалните власти отвориле истрага.

Бомбардирањето следеше откако војската на Авганистан побара воздушна поддршка за време на жестоките борби со талибанците. НАТО соопшти дека во покраината Халмад во тек се повеќедневните воени операции на авганистанската војска, кои се спроведуваат со поддршка на американските сојузници и коалициските воздухопловни сили кои ги борбардираат позициите на талибанците.

Спонзорирано: