14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Деценискиот проблем со водата во Гевгелија е решен и таа веќе не содржи арсен

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, информираат од владејачкиот СДСМ и додаваат дека водата во Гевгелија е со висок квалитет, односно повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење.

„Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за граѓаните.