Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови од утре и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините.
Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Пообилни врнежи ќе има утре попладне и во текот на ноќта кон четврток.
Во западните делови и на планините на истокот врнежите ќе бидат претежно од снег, во југоисточните само од дожд, а во останатите од дожд и повремено од снег.
Локално во југоисточните и источните делови врнежите ќе надминат 25л/м2 .