10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со праксата да им се заканува на судии и обвинители

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски-судството, е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат, како што тоа го правеше за време на 11-годишното криминално владеење. Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

Според партијата, денес, обвинителствата и судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски, ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвинителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: