10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Законот за јазици испратен во Венецијанската комисија

Законот за јазици е испратен до Венецијанската комисија. Владата бара мислење за двојазичноста, а во барањето е вклучен и алтернативниот текст со членот 8 чии одредби се однесуваат на албанскиот јазик на банкнотите, хартиите од вредност и униформите на армијата и полицијата. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сите забелешки од Венецијанската комисија ќе бидат спроведени.

,,Секое нивно укажување ќе биде вградено и на тој начин ќе ги отстраниме конечните резерви кај било кој граѓанин. Уште еднаш, напоменувам, ова е дадено право, коешто досега беше забрането право. Не се плашиме, заради тоа што се работи за јазици, употребата на јазиците. Полесно ќе се разбереме. Меѓу другото, според мене до сега беше блокиран процесот, за да не дознаат граѓаните дека не е крај на светот. Односно е уставно право, на дел од нашите граѓани, од помалку бројните заедници и со тоа ќе видат дека апсолутно ниту повредува одредено друго право, ниту пак претставува не знам какви проблеми, како што се пишува насекаде низ Македонија, или се коментира. Денеска, го испраќаме и Законот и алтернативните две одредби, кои што уште тогаш го ветивме. Венецијанската комисија, очекувам во регуларниот период, кога носи одлука, да ги даде своите сугестии. Штом ќе ги даде, ние јавно ќе ги објавиме и секако ќе постапиме по самите сугестии”, рече Заев.