20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа голема промена и нов Закон во Македонија: Казината и обложувалниците ќе се дислоцираат од градовите?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази поддршка и ветување дека со новиот закон спортските обложувалници ќе се дислоцираат на 3 километри од институциите, верските и образовните објекти.

„Во овој фронт ќе бидеме заедно бидејќи тоа е за доброто на сите. Но апелираме до тие кои мислат дека имаат добивка од ова дејност, да се оддалечат од населените места, училиштата и најфреквентните објекти од страна на граѓаните“, вели Али Ахмети – Претседател на ДУИ, пренесе ТВ21.

Инаку сличен Закон со кој се забранува коцкањето во населените места и ги префрли обложувалниците во премиеум хотели со пет ѕвезди надвор од градовите стартуваше во Албанија, што има за цел да ја намали зависноста кај тамошните жители од коцкање кое беше на високо ниво.