16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жителите на Хвар добија лекар од Македонија

Гратчето Суќурај на хрватскиот остров Хвар од понеделникот има лекар, млада Македонка која се јави на конкурсот, кој беше отворен ова лето и досега никој не се јавуваше на него, без оглед на тоа што освен плата и сместување се нудеше и годишен бонус од 6 700 евра, потврди во понеделникот вечер директорот на Здравствениот центар на Сплитско-далматинската жупанија, Драгомир Петриц.

Како што рече директорот Петриц, локалната самоуправа сфатила дека веќе не е доволно да се обезбеди сместување на лекарот, па градоначалникот понуди дополнителен надоместок, што даде плод. Новата лекарка одработила дел од стажот кај нас, во Македонија, а во Хрватска требаше да полага шест дополнителни испити, кои ги положи, што е задолжително за да ѝ се признае странската диплома.

„Првпат во историјата на нашиот Здравствен дом доаѓа да работи некој кој не е од Хрватска. Колешката ги исполни сите услови на конкурсот, таа ги положи сите испити, ги доби сите документи, и денес е нејзиниот прв работен ден. Конечно во Суќурај пациентите ќе имаат свој постојан лекар”, рече директорот Петриц.

Лекарката ќе се грижи за 300 пациенти, а пред тоа три лекари од Јелса патувале секојдневно и се менувале во амбулантата во Суќурај.

Спонзорирано: