29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот министер за брегзит: Владата сè уште нема идеја што да побара од ЕУ

Влада на Тереза Меј сé уште работи на прашањето што да побара од Европската Унија со цел да ја реши загриженоста на пратениците во врска со планот за спречување на „тврда граница“ меѓу Ирска и Северна Ирска, изјави министерот за брегзит, Стивен Беркли.

На прашање од новинар од Би-би-си кој е предлогот на Велика Британија, тој одговори: „Се работи на тоа…“

„ЕУ не сака да биде во ситуација во која ќе нема договор – тоа ќе биде голем удар не само за ирската економија туку и за другите економии – така што договорот е во интерес на двете страни”, додаде Беркли.

Тој рече дека договорот на премиерката Тереза Меј со ЕУ, кој минатата недела претрпе најголем пораз во современата британска историја, е најпопуларен од достапните избори.

„Всушност, најпопуларната опција е премиерскиот договор”, рече Беркли.