20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СУБВЕНЦИИЛОКАЛНОИЗБОР

Скопјани од денеска може да аплицираат за субвенции за печки на пелети

Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7 ноември 2018 година до 30 ноември 2019 ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30 000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Mерката е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември годинава или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на градот за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата интернет-страница дека јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

– Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет-врска.

– Барањето за граѓаните може да го превземете од следниот линк.

– Барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може да го преземете тука.