27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралиските диви кучиња ги напаѓаат туристите и камперите

Шестгодишно момче е хоспитализирано по напад од динго, диво куче во Австралија. Момчето било на кампување со неговото семејство на островот Фрејзер, на источниот брег на Квинсленд. Семејството било на пливање, по што момчето кога излегло од водата почнало да трча кон песочните дини. Но наишло на четири диви кучиња, од кои едното го гризнало за нога.

Болничарите го нашле момчето со повеќе рани на нозете, по што е пренесено во блиската болница на лекување, каде што е во стабилна состојба.

По нападот, туристите и камперите се предупредуваат да не се приближуваат премногу до дивите кучиња. Министерот за труд, Марк Бејли, рече дека ќе почне истрага за инцидентот.

Динго е заштитен вид во националните паркови на Квинсленд и обично е срамежлив и плашлив со луѓето. Сепак, експертите за животни велат дека постојаниот контакт со кампери и туристи – многумина од нив ги хранат кучињата иако не е дозволено – го смениле однесувањето на овие диви животни, кои станале поагресивни кон посетителите.

Во 2001 година Квинсленд наредил да се изолираат кучињата на островот откако едно деветгодишно момче беше убиено во напад со динго.

Најкрвавиот напад на динго во Австралија се случи во 1980 година, кога се сметало дека двомесечната ќерка на Линди и Мајкл Чембрлен била одвлечена од диво куче од камп во централниот дел на Австралија. Мајката беше обвинета и затворена за убиство на бебето, но подоцна беше прогласена за невина. Во 2012 година судот пресуди дека диво куче динго ја предизвикало смртта на бебето пред повеќе од 30 години.