8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Тони Блер смета дека одложувањето на брегзит е неизбежно

Одложувањето на брегзит сега е неизбежно, рече поранешниот премиер Тони Блер откако британските пратеници го отфрлија договорот на Тереза Мај за повлекување на Велика Британија од Европската Унија.

„Тоа е неизбежно, што и да се направи. Сега да сум во владата, јас веќе би разговарам со Европа за условите за продолжувањето”, рече Блер во радиоинтервјуто за „Би-би-си“.

Во исто време водачот на Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј – Брендон Луис, во четвртокот изјави дека Велика Британија не може да остане во сегашната царинска унија со Европската Унија, бидејќи, како што рече, сега е приоритет да се склучат меѓународни трговски договори по брегзит.

Луис рече дека високи членови на владата и на Долниот дом ќе се состанат в четврток, во обид да најдат компромисен договор за брегзит.

Но, тој го исклучи останувањето во царинската унија и уште еден референдум за напуштање на ЕУ.