4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

На семафорот кон иднината светна “зелено”: Македонија тргнува напред, запирање сега нема

Откако се реши спорот со името, и сите очи се вперени кон комплетирањето на процесите околу Преспанскиот договор во Грција, Македонија може конечно да се посвети на решавање на внатрешните предизвици, а тоа е како една мала Балканска држава да направи економски пресврт и препород во месеците што следуваат.

Дека 2019-та ќе биде економска година за Македонија, вели и премиерот Зоран Заев, кој на свој грб со сите ризици и преку плаќање на политичка цена, кои ги носеа процесите околу Преспанскиот договор реши да го истурка и да го затвори горливиот проблем кој ја кочеше Македонија со децениии во своите аспирации кон една подобра и посветла иднина, преку ЕУ, НАТО, но и соработка со соседите.

Македонија успеа во речиси една година да ги затвори сите прашања со соседите, што ја прави можеби единствена држава во Светот чиј лидер без суетност и калкулации решил да ја помири државата со сите, не оставајќи ниту една причина повеќе некој да и’ биде лут на Македонија.

Факт е дека после ова, нема бегање, Меѓународната заедница на чело со пријателите од Германија, САД, ЕУ во следниот период треба за краток рок да го дадат својот максимум, за Македонија да стане достојно, пристојно место за живеење во кое иднината ќе ја гледаат се повеќе млади.

Македонија е мала и комппактна земја, која има неверојатни богатства и ресурси со кои може да стане центар на Балканот и една од најбрзо-растечките економии во регионот, а со зачленувањето во НАТО и конвертирањето во земја без отворени прашања, станува не само држава која е безбедносно заштитена, со гарантирани граници, суверинитет и интегритет, туку и верификувана земја за идните инвеститори.

Со квалитетни идеи и луѓе за тоа како да се искористат потенцијалите во природните богатства, земјоделието, туризмот, но и интелигенцијата на младите и креативни личности во ИТ индустријата – Македонија може да се надева на препород, се разбира доколку тоа добро се одигра.

Одлуките за намалување на енормните казни воведени од претходниот режим, дадената можност на компаниите за опомена пред казна, поддршката на компаниите преку Фондот за иновации, намалувањето на даноците за ИТ секторот се темели на она што допрва треба да се гради од економска точка.

Тука се и првичните позитивни одлуки кои донесоа и последователни резултати со кои за прв пат по 11 години се зголемија платите во јавниот сектор, се зголеми минималната плата а со тоа паралелно пораснаа и платите во приватниот сектор, социјалната помош се зголеми за 300 проценти, но сега ќе ја добиваат оние кои навистина ја заслужуваат. По долго време бележиме раст на економијата, за прв пат имаме неверојатен раст на прометот во Берзата.

Странските инвеститори веќе немаат потреба да се плашат од конфликти
Колку и да изгледаше минорен и нечуствителен проблемот со името во очите на луѓето кои живеат тука и директно не влијаеше врз секојдневието, тоа сепак беше една тешка црна дамка, кога на маса како потенцијална држава за инвестиции ќе беше ставена Македонија, а најмногу страдаше целокупната економија, но и најдиректно и брутално беа погодени домашните компании кои делуваа тука, но и во Светот.

Речиси сите инвеститори ги следат политичките случувања во земјите каде инвестираат, па затоа многу од нив ја избегнуваа Македонија како несакана дестинација бидејќи постојано имаше политичка, но и безбедносна нестабилност чиј извор секогаш беа проблемите со соседите, особено спорот за името кој беше можеби и жарчето што ги палеше сите тие проблеми.

Таа црна дамка веќе ја нема. Македонија сега е на исто рамниште, како и сите држави во регионот, а можеби и во предност, поради капацитетот на актуелната власт да ги решава проблемите, а не да создава нови.

Македонија сега непречено ќе може да членува во сите организации чии услови ги исполнува, и тоа под своето Уставно име. Македонија ќе може да користи многу повеќе од фондовите на ЕУ, која без калкулации, јасно и недвосмислено треба го одврзе ќесето и да и помогне на Македонија да стане економски силна земја.

Светски гиганти во финализација на одлуките за инвестиции во Македонија

Светски гигантски компании од различни сектори, меѓу кои и автомобилската, ИТ, рударската индустрија веќе ги финализираат своите одлуки за инвестиции во Македонија дознава Centar.mk.

Првата инвестиција веќе ќе ја дознаеме овој месец, а доаѓа од Германија.

Сето ова ќе добие на сила со самиот почеток на процесот за зачленување во НАТО, кога ќе биде ратификуван протоколот за членство во македонскиот и грчкиот парламент, кога ќе биде јасно познато нашироко низ Светот дека Северна Македонија е 30-тиот член на НАТО семејството.