17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неексплодирана граната пронајдена во Батинци

Неексплодирана граната била пронајдена во скопското село Батинци, соопшти МВР.

Вчера, во 19.45 часот, Н.Н.(35) од село Батинци, пријавил во полиција дека на стариот пат за село Батинци, каде што се врши дотур на земјиште, била пронајдена неексплодирана граната, најверојатно од Првата или Втората светска војна.

Од полицијата информираат дека е известена Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Спонзорирано: