20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, реагираат од СДСМ на изјавата на Ане Лашкоска од опозициската партија која денеска кажа дека власта нема намера да донесе квалитетен закон.

Од владејачката партија додаваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски не сака силна, независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.

„Очигледна е разликата во концепти. СДСМ и парламентарното мнозинство во Собранието се против корупција, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за корупција. ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата. Да беа навистина за суштинска борба против корупцијата, немаше да бидат против тоа Комисијата да има проширени надлежности на дејствување, особено во делот на финансирање на политичките партии“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ сметаат дека на Македонија и е потребна силна, независна и професионална Комисија за спречување на корупцијата и затоа, како што велат, потребно е сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Спонзорирано: