13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Сингапур веќе нема најмоќен пасош во светот

Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош во светот. Според интернет-страницата The Passport Index, на врвот на листата се најде пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош можете да влезете без никакви проблеми во дури 167 земји, или имате пристап до 84 проценти од светот.

Passport Index, во сопственост на „Артон капитал“, рангира пасоши од 193 земји и шест региони кои се членови на ОН. На врвот на листата се пасошите на земјите со кои можете да влезете во други земји без виза и посебни барања.

Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие прв пат беа забележани на листата во декември 2016 година (27-мото место), и за две години стигнаа до бројот еден. Пред тоа, Сингапур имаше најмоќен пасош.

Во првите 10 земји се Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија како и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165 односно 166 земји во светот.

Спонзорирано: