3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Почна дебатата за недоверба на владата на британската премиерка Тереза Меј

Во британскиот парламент почна дебата пред гласањето недоверба во владата на премиерката Тереза ​​Меј.

Во првото обраќање на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека Меј водела, како што рече, „зомби влада“.

„Ројтерс“ објави дека Корбин изјавил дека владата треба да побара нови избори откако предлогот на Меј за договорот од брегзит вчера беше во голема мера отфрлен во парламентот.

„Ако владата не може да протурка сопствен закон во парламентот, мора да ѝ се обрати на нацијата за нов мандат. Нема сомнеж дека ова е вистинска зомби влада”, рече Корбин.

АП објави дека водачот на Лабуристите, исто така, ѝ порачал на Меј да ја направи вистинската работа и да поднесе оставка.

Агенцијата потсетува дека премиерката веќе одби да поднесе оставка и наведува дека на владата, најверојатно, денеска ќе ѝ биде изгласана доверба, благодарение на нејзината Конзервативна партија и нејзините сојузници. Во случај да биде изгласана недоверба, АП пишува дека предвремените парламентарни избори, најверојатно, ќе мора се одржат во Велика Британија.

Спонзорирано: