20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нова трагедија на Банско – Македонец се струполи на земја и почина на паркинг во близина на својот автомобил

Педесетитригодишен Македонец починал на паркинг на ски-центарот Кулино кај Разлог, откако ненадејно му се слошило. Според информациите од бугарските медиуми, човекот починал веднаш на самото место, а кога пристигнале медицински екипи, била констатирана смрт.

Како што пишува весникот „Струма“, човекот паднал пред неговата сопруга и детето. Тие престојувале во Банско, но одлучиле да скијаат во Кулино. Додека се обидувал да ги извади скиите од автомобилот на паркингот, тој се струполил на земјата. Се претпоставува дека причина за смртта е силен срцев удар.

Како што се наведува, семејството одбило аутопсија на телото на починатиот.