6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Гугл“ воведува нов вештачки глас во својот сервисм кој ќе звучи како вистински

„Гугл“ веќе со години е глобален лидер на полето на паметните мобилни телефони и прелистувачи, а сега оваа компанија влегува на територијата на синтеза на гласот.

Text-to-speech или текст во говор е опција што често се користи на Запад, особено во деловното опкружување. Сега „Гугл“ претставува нов вештачки глас, кој всушност се генерира во Cloud или т.н. облак-платформа.

„Гугл“ пред неколку години купи WaveNet-технологија од британската компанија „Дип мајнд“. Оваа технологија овозможува компјутерот да генерира целосно природен глас, а корисниците може да изберат возраст, боја на гласот, па дури и начин на кој се акцентираат одредени зборови.

Оваа технологија се очекува да добие значење во роботиката во наредните неколку години.

„Гугл“ веќе низа години ги префрла повеќето свои опции на Cloud/облак-платформа, па така повеќе апликации веќе долго време работат во синхронизација со облак.

Нешто слично прави и „Епл“ со својата вештачка интелигенција нарачена Сири, но сега „Гугл“ ја презема иницијативата, а целта е, се разбира, целосна интеграција на услугите со вештачката интелигенција и Cloud-сервисите.

Спонзорирано: