3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Барниер: Ризикот oд непостигнување договор за брегзит никогаш не бил толку голем

Преговарачот на ЕУ, Мајкл Барниер, го предупреди Европскиот парламент дека ризикот од непостигнување договор за брегзит никогаш не бил толку голем, како и дека тој стравува, повеќе од кога било, за хаотичното заминување на Британија од блокот.

Барниер навести дека ЕУ е подготвена повторно да преговара за нов договор за излез на Британија ако Лондон се откаже од некои од претходно постојните црвени линии што беа затегнати во претходниот, сега поразен, план на Тереза Меј.

Британската премиерка синоќа доживеа голем пораз кога пратениците гласаа против нејзиниот план за брегзит. За денеска се очекува пратениците да гласаат за нејзина недоверба.

Спонзорирано: