3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Евтините летови не само што не се укинати туку обезбедени се и 8 нови дестинации

Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски потпишаа договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии, со што се обезбедени евтини летови во наредните три години, наведуваат во соопштение од владејачкиот СДСМ.

Од таму информираат и дека финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра до 2022 година, а појаснуваат и дека, покрај досегашните релации, се воведуваат уште 8 нови линии, 4 од скопскиот и 4 линии од охридскиот аеродром.

„Со овој договор издиша уште еден балон на лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што лажно тврдеше дека граѓаните ќе останат без евтини летови и ширеше неоснована паника дека ниту една авиокомпанија нема да биде заинтересирана да обезбеди евтини летови“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека не само што се укинати евтините летови туку се обезбебедени и 8 нови дестинации.

Спонзорирано: