11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британско семејство принудено да седи на подот во авион

Семејство од Велика Британија било принудено да седи на подот на патнички авион за време на летот од медитеранскиот остров Менорка до дома, бидејќи местата што ги резервирале едноставно не постоеле.

Четириесет и четиригодишната Пола Тејлор, нејзиниот сопруг Иан и нивните две ќерки, претходно пристигнале на аеродромот за да се качат на летот на компанијата TUI Airlines.

Седиштата што ги добиле биле 41D,E,F, но при влезот во авионот сфатиле дека овие места не постојат.

Екипажот им понудил да седат со нив на помошните седишта, но подоцна и од таму ги преместиле за да ослободат простор за подготовка на храна и пијалаци за патниците.

Така само 10-годишната Брук имала свое место, додека останатите тројца членови на семејството биле принудени да седат на подот.

Подоцна, им се придружил и копилотот кој седнал со нив за да им се заблагодари за разбирањето и соработката.

„Рече дека ни е многу благодарен бидејќи доколку сме направеле проблем, летот ќе бил одложен“, рече Пола.

Властите во Велика Британија сега го испитуваат инцидентот, а TUI Airlines мора да објасни зошто дозволила семејството да седи на подот и со тоа да ги прекрши сите можни безбедносни правила за летање.

На семејството исто така му е понудена отштета од 1.300 фунти.

Спонзорирано: