14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа остана без готвачи, Трамп нарачува хамбургери за гостите

Американскиот претседател Доналд Трамп нарачува хамбургери и пици од Мекдоналд“ за гостите во Белата куќа поради блокадата на владата. Владата на Соединетите Американски Држави се наоѓа под најдолга блокада во историјата поради неусвојувањето на буџетот за тековната година, а повеќе од 800.000 јавни службеници се принудени на неплатена работа или на неплатен одмор.

Поради блокадата на владата, и во Белата куќа многу службеници не доаѓаат на работа вклучувајќи го и персоналот задолжен за храната.

Би-би-си објави дека првиот човек на САД, Трамп, во Белата куќа примил фудбалски тим што ја освоил титулата шампион на универзитетската лига и дека во таа пригода порачал повеќе од 300 хамбургери, пица и порфија од порции помфрит.

Трамп изјави за новинарите дека со сопствени пари ја платил храната со која ги почестил гостите бидејќи владините пари се под блокада.

До блокадата на американската влада дојде поради барањето на Трамп да се издвојат средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.

Најдолгата блокада на Владата би можела да потрае бидејќи нема навестувања дека Трамп и демократите се подготвени за заемни отстапки и компромисно усвојување на буџетот.

Спонзорирано: