3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин во Србија ќе го чуваат 7.000 полицајци

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој в четврток ќе пристигне во Србија, ќе го чуваат повеќе илјади полицајци, а се шпекулира за бројка од 7.000, објави „Политика“.

Весникот наведува дека припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе преземат максимални мерки за безбедност, а ќе биде изменет и режимот на сообраќај во одредени делови на Белград. Исто така, се шпекулира дека во Белград веќе стигнале околу 250 најелитни руски специјалци, како и личното обезбедување на рускиот претседател.

Тие наводно ги проверуваат рутата по која ќе се движи Путин, местото на состаноците со српските државници, храната, интернетот и слично. Снајперисти, пак, ќе бидат распоредени по највисоките покриви во Белград.

Руските специјалци наводно доаѓаат со развиена технологија за спречување напади со дрон, каква што нема во Србија, пишува „Политика“.

Во обезбедувањето на Путин ќе учествува и српската војска. Три српски „мигови“ би требало да го следат авионот на Путин од моментот кога ќе влезе во воздушниот простор на Србија.