8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На осум германски аеродроми штрајкуваат работниците од обезбедувањето

На осум германски аеродроми денеска штрајкуваат работниците од обезбедувањето, а ваквиот нивен чекор ќе доведе до нарушување на плановите за 22.000 патници поради откажување или одложување на летовите, соопшти денеска аеродромската асоцијација АДВ.

Работниците од обезбедувањето на помалите аеродроми во Хамбург, Хановер и Бремен стапија во штрајк од полноќ, а работниците на големите аеродроми, како што е оној во Франкфурт, се придружија два часа подоцна, објави агенцијата „Ројтерс“.

Се очекува дека и работниците од обезбедувањето во Минхен, Лајпциг, Дрезден и Ерфурт денеска исто така ќе штрајкуваат, што ќе разултуира со стотици откажани летови.

Минатата недела работниците штрајкуваа на пет аеродроми.

Синдикатот „Верди“ е во преговори со работодавците и ги претставува интересите на 23.000 лица од аеродромското обезбедување во Германија.

Разговорите ќе продолжат на 23 јануари.

Спонзорирано: