20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус падна во бездна во Етиопија, 17 загинати

Седумнаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Етиопија кога автобусот во кој се превезувале паднал во бездна. Несреќата се случила во етиопската покраина Западна Омонија, меѓу градовите Шамбу и Некемте. Во несреќата загинале и возачот и неговиот помошник, а агенциите јавуваат дека има и повредени пешаци.

Десалегн Тефера, шеф за односи со јавност на канцеларијата за комуникации, соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во неделата вечерта кога возачот изгубил контрола и автобусот излетал од патот.

Тефера рече дека полицијата утврдила оти причината за сообраќајната несреќа е што автобусот превезувал поголем број патници од предвидениот капацитет. Во моментот кога се случила несреќата во автобусот се превезувале 45 лица.

Сообраќајните несреќи во Етиопија се многу честа појава, а како причини за тоа се наведуваат лошите патишта, системот за издавање возачки дозволи и слабото спроведување на правилата за безбедност во сообраќајот.

Спонзорирано: