12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради бура, наредена евакуација во Калифорнија

Областите во јужна Калифорнија, каде што изминатите неколку месеци беснеат смртоносни пожари, повторно мора да се евакуираат поради бура, која со себе носи силни врнежи од дожд, а како што предупредија властите, можни се и одрони и лизгање на земјиштето.

Наредена е eвакуациja во областа од Санта Барбара до Лос Анџелес бидејќи стотици граѓани и нивните домови се загрозени, објави АП.

Локалните власти се плашат дека претстојната бура ќе донесе пороен дожд за кратко време што може да предизвика лизгање на земјиштето и одрони.