20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран лансираше сателит и покрај предупредувањето од Помпео

Техеран лансираше сателит „Пајам“ од домашно производство, но тој не успеа да стигне до орбитата, објави иранската државна телевизија, наведувајќи го како извор на информацијата министерот за телекомуникации Мохамед-Џавад Азари Јахроми.

Според Јахроми, ракетата-носач на сателитот успешно ја поминала првата и втората фаза од лансирањето, но не можела да ја постигне потребната брзина во третата фаза.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно рече дека Иран ќе се соочи со економски и дипломатски последици ако ги спроведе трите предвидени вселенски проекти во наредните месеци.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, од своја страна, истакна дека иранските ракетни проби не се во спротивност со Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН.

Исламската република претходно се обиде да лансира вселенски ракетен носач „Симорг“, меѓутоа, втората фаза на ракетата горела само 20 секунди. Во заедничката изјава, САД, Велика Британија, Германија и Франција го осудија лансирањето, тврдејќи дека е прекршена резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се регулира иранската нуклеарна програма.

Спонзорирано: