14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Австриски политичари предлагаат барателите на азил да чистат снег

Шефот на парламентарната група на австриската Партијата на слободата (ФПО), Јохан Гуденус, со оглед на тешката состојба во многу делови на Австрија поради обилните снежни врнежи, од кои многу градови се отсечени од остатокот на земјата, во јавноста излезе со предлог барателите на азил да помогнат во чистењето на снегот.

Во моментот повеќе од 1.100 војници учествуваат во расчистувањето на снежните наноси.

Гуденус истакна дека барателите на азил, кои и онака не може да се вработат додека решавањето на нивниот статус е во тек, како и бегалците што живеат од помошта на државата, може да го чистат снегот.

„Ги повикувам овие луѓе да го искористат своето слободно време и да се вклучат во расчистувањето на снегот во погодените области“, истакна тој.

Исто така, апелира од центрите за сместување да ги анимираат барателите на азил да се приклучат во мерките за помош.

„На овие луѓе им нудиме заштита и засолниште, така што не е премногу доколку побараме да направат нешто за возврат“, рече Гуденус додавајќи дека нивната работа секако треба да биде доброволна и неплатена.

Спонзорирано: