14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Град во Европа чии жители јадат пица повеќе и од Италијанците

Франција е позната по својата префинета храна и вино, која драстично се разликува од италијанската кујна. Затоа, пицата не е на листата со омилени оброци во оваа земја. Така барем се мислеше…

Меѓутоа, покрај сите француски печива, кроасани и брускети, Французите сепак се големи љубители на пица. Така, на пример, просечниот Французин годишно јаде по 11 килограми пица, што оваа нација ја става на второто место во светот веднаш зад Американците, а пред Италијанците.

Страста за пица во Париз придонесе во Градот на светлината да бидат отворени повеќе добри пицерии, каде што, дефинитивно, треба да поминете при посетата на француската престолнина.

Louie Louie – според многумина љубители на пица, најдобрата пицерија во Париз што се наоѓа во 11. департман.
Ober Mamma – во сопственост на групацијата Big Mamma, која поседува седум италијански ресторани. Поради големата посетеност, се препорачува гостите да дојдат 45 минути пред да се чувствуваат навистина гладни.
Tripletta – се наоѓа во 20. департман, но вреди да се посети бидејќи оваа пицерија нуди пица во стилот на Неапол. и тоа во четири категории: крем, класична, доматна и калцоне.
La Fabrica – во 14. департман се наоѓа пицерија каде што можете да седнете во излогот под неонска светлина и да правите минувачите да подголтнуваат додека минуваат покрај вас. Освен пица, тука се прават и едни од најдобрите пасти во Париз.
La Briciola – во историскиот округ Мараис постои пицерија која е идеална за секој дел од денот. Позната е по своите бели пици, но и џиновските калцони. Можеби е тешко да се замисли, но персоналот во оваа праска пицерија зборува и англиски.

Спонзорирано: